Дупјачанец: Жалам што не победивме, заморот во овој момент е оправдан!

Фото: rkmetalurg.mk

Металург го заврши настапот во Лига Европа со реми на денешниот натпревар во Скопје против Адемар Леон (27:27).

„Сино-белите“ од Автокоманда имаа добра шанса да триумфираат против една од најпознатите шпански екипи, но на крајот беа направени грешки, а како што изјави и стратегот на клубот на прес-конференцијата по мечот, и заморот си го направи своето.

Тренерот на Металург, Оливер Димитриоски:

– Честитки до Адемар за пласманот во следната фаза, им благодарам за фер и коректната игра, за мене е голема привилегија да освојам бод против голем тренер каков што е Маноло Каденас. Задоволен сум од првото полувреме, во второто ни падна малку ритамот, почнавме да правиме повеќе грешки, веројатно заморот си го прави своето. Но, сум задоволен од тоа како ја завршивме групната фаза.

Голманот на Металург, Даниел Дупјачанец:

– Им честитам на гостите за фер и коректната игра и пласманот во следната фаза, им посакувам да стигнат што подалеку во ова натпреварување. Што се однесува до денешниот натпревар, јас сум горд на моите соиграчи, одигравме машки, изгинавме на теренот. Во првото полувреме бевме одлични можеби со мали избрзани грешки, тоа нè чинеше малку поголема разлика на паузата. Но, во вториот дел Адемар одигра многу подобро особено во одбраната, беа поконкретни. Нас нè стигна заморот, истиот е оправдан во овој момент, бидејќи ние практично до пред два-три дена бевме далеку од комплетни на тренинзите. Но, задоволен сум од бодот, малку ми е жал што вечерва не триумфиравме. Сега на нам ни останува да се фокусираме на задачите во домашното првенство, ова беше добра увертира да се крене ритамот и самодовербата на екипата пред стартот во плеј-офот и се надевам на добар крај на сезоната.

Лига Европа: Металург во последните секунди до реми со Адемар Леон!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот