Лига Европа: Металург во последните секунди до реми со Адемар Леон!

Фото: РК Металург

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје во својот последен натпревар од групната фаза во Лига Европа, Металург одигра нерешено 27:27 (16:13) против Адемар Леон.

Немаше да биде незаслужено доколку и тимот од Автокоманда дојдеше до триумф против гостинот од Шпанија. Севкупно Металург, во чиј состав сега беа едни од најискусните Хорват и Тарабокиа, одигра многу добар натпревар против една од најпознатите екипи во АСОБАЛ лигата.

Македонската екипа беше таа која воглавно го контролираше резултатот одржувајќи константно предност од два-три голови разлика, највисоката достигна „плус четири“ во второто полувреме (18:14, 19:15).

Но, во последните 10 минути кога беше најважно се направија брзоплети грешки, нереализирани напади, тоа го искористија противниците со контри и лесни реализации.

На крајот составот на Каденас можеше дури и да си замине од ова гостување со бодовите, имаа позитива од 24:26, 25:27. Но, во клучната акција за „плус два“ Адемар Леон згреши, а во последниот напад на Металург после тајмаутот на Димитриоски за реми стрелаше Калуѓеровиќ.

Кај стрелците нашиот репрезентативец Серафимов беше најефикасен со седум голови, пет имаше Калуѓеровиќ, четири Тарабокиа, три Хорват. На спротивната страна седум запиша Перез.

Металург кој сезонава се соочи со проблеми особено поради ковид-19, на крајот го освои последното шесто место во групата „А“ со четири бодови, зад Висла Плоцк (16), Адемар (14), Чеховски Медведи (12), Аон Фиверс (6) и Тулуз (4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот