Држењето за рака има неочекуван ефект врз вашиот мозок и може да влијае во процесот на ублажување на болката

unsplash

Секако, држењето за рака на некој близок ве прави среќни, но, тоа не е само едноставен ефект на добро чувство. Кога вашиот партнер, близок пријател или член на вашето семејство ве држи за рака, вашите мозочни бранови се синхронизираат и всушност на тој начин се „ослободува“ болка, иако можеби во моментот тоа не го чувствувате, велат истражувачите од Универзитетот во Колорадо и Универзитетот во Хифа.

unsplash

Во судијата, објавена од Националната акдемија на науките во Америка, истражувачите велат дека настојувале да разберат повеќе за тоа зошто социјалниот допир помага при аналгезија.

Претходните научни студии велат дека тактилната стимулација може да ја „прекине“ болката. Други истражувања покажале дека болката и емпатијата ги активираат истите делови на мозокот, „предизвикувајќи емоционална резонанца кај набљудувачот“.

За студијата, истржувачите испитале 22 хетеросексуални парови, вклучително и четири брачни парови, на возраст од 23 до 32 години. Истражувањето било во две минутни сценарија, тие седат во посебни простории, седат заедно без да се допираат и седат заедно држејќи се за раце.

unsplash

Истражувачите приметиле „блага топлина“ измерена на подлактицата на едниот партнер. Тие исто така ги следеле мозочните бранови на двајцата партнери со електроенцефалографија, неврофизиолошка метода која ја регистрира мозочната активност преку електроди сместени на површината на главата.

Кога паровите биле во иста просторија, нивните мозочни бранови биле синхронизирани, откриле истражувачите. И тоа, нивните мозочни бранови најмногу се синхронизирале кога се држеле за раце. Покрај тоа, колку повеќе бил емпатичен бил набљудувачот, толку помалку болка чувствувал партнерот.

Држењето за раце има исто влијание како вежбите за медитација и дишење

unsplash

Додека истражувачите сѐ уште не го разбираат точниот механизам што стои зад ова, тие забележуваат дека допирот останува една од најмоќните и лековити својства кај човекот.

Со постојаното зголемување на доказите се покажува дека допирот има критична социјална вредност и игра важна улога во меѓучовечката комуникација, влијаејќи на нашата перцепција и благосостојба. Навистина, емпатијата – нашата способност да разбереме нечие емоционално искуство или состојба, со тоа социјалниот допир игра клучна улога во намалувањето на болката“, велат истражувачите.

unsplash

Иако феноменот на синхронизација на вашиот мозок со друг звучи како научна фантастика, д-р Дејвид Линден, дел од тимот на невролози кои ги истражуваат биолошките корени на човечкото искуство, објаснува дека тоа е само наука.

Неврофизиолошките методи кои ги мерат стимулациите во мозокот, не значи дека вие размислувате или чувствувате исто со друг човек, туку дека вашиот мозок на допирот реагира како на стимул.

unsplash

Резултатите не само што звучат слатко, туку се многу разумни со оглед на тоа што научниците ја истражуваат перцепцијата на болката. Држењето за рака може да ја смири болката на некој близок на ист начин како и медитативните вежби.

Позитивниот социјален допир има посебен емотивен вкус за тоа… Овие работи имаат свои граници. Тие не можат да ја отстранат болката,но можат да ја ублажат“, вели д-р Линден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот