Драматични денови за познатата актерка, пријателите стравуваат од најлошото: „Можеби утре веќе нема да ја има“
Американската актерка Кристина Аплгејт, која со години се бори со мултиплекс склероза, неодамна била хоспитализирана, а нејзините блиски, според странските медиуми, се сериозно загрижени за нејзината состојба.
Препорачано
Извор близок до актерката за „Дејли мејл“ изјавил дека нејзината здравствена состојба е непредвидлива.
„Со секој неуспех, реално, сите се прашуваат дали ќе има утре со неа. Кристина е борец, но нејзината битка со мултиплекс склероза е тешка. Има подобри денови и многу лоши денови – нема одлични денови. Секогаш се бори со нешто. Тоа е ужасно“, рекол изворот.
И покрај тоа, актерката има силна поддршка од своите најблиски.
„Кога успева да гледа позитивно на работите, се чувствува подобро, бидејќи има многу пријатели кои се покрај неа – да ја сослушаат, да плачат со неа и да ѝ бидат поддршка“, додал изворот.
Странските медиуми претходно објавија дека Аплгејт минатиот месец била хоспитализирана во Лос Анџелес, но точната причина за подолгиот престој не е позната. Нејзиниот портпарол одбил да открие повеќе детали.
„Немам коментар дали е во болница или какви третмани прима. Таа има долга историја на комплицирани здравствени состојби, за кои отворено зборуваше“, изјавил тој.
Аплгејт јавно ја откри својата дијагноза во 2021 година, по што почна отворено да зборува за предизвиците со кои се соочува.
Во февруари таа откри дека често е прикована за кревет поради постојана болка, а сепак се труди да води нормален живот.
Во интервју за „Пипл“, актерката раскажа дека сè уште се обидува да ја вози својата ќерка Сејди, која ја има со сопругот Мартин ЛеНобл, до училиште.
„Сакам да ја носам, тоа ми е најомиленото нешто. Тоа е единственото време што го имаме сами. Си велам: ‘Само однеси ја безбедно, па врати се дома за да можеш повторно да легнеш’. И тоа го правам“, изјавила таа.
Актерката во август 2025 година откри дека завршила во болница откако „врескала од болка“, мислејќи дека има проблем со слепото црево, но лекарите подоцна утврдиле дека станува збор за инфекција на бубрезите, која се проширила и на другиот бубрег.
Кристина Еплгејт е во болница среде тешката борба со мултиплекс склероза


