ВИДЕО | Драма во Битола: Пелистер со гол во последните секунди до бод против големиот ПСЖ
Ракометарите на Пелистер покажаа харбра и игра и борба против силниот ПСЖ за што на крајот беа наградени и со реми 34-34.
Препорачано
Гостите од Франција подобро го отворија натпреварот и констатно во првите 30 минути имаа предност, Пелистер на неколку пати само успеа да изедначи, но ниту еднаш не поведе.
На одмор фаворитот замина со предност од три гола (18-15).
Таква беше сликата некаде до последните десетина минути, тогаш македонскиот шампион заигра подобро и за првпат во натпреварот поведе со 27-26. Сепак, таа добра игра на избраниците на Алушовски не траеше долго и во завршницата ПСЖ одново го врати водството поведувајќи со 31-30. Од тој момент до крајот гледавме драма во која Пелистер до последната секунда не се откажа, а токму тогаш дојде и наградата кога по една контра Манасков погоди за реми. Филип Кузмановски беше апсолутно најдобар играч на натпреварот со десет гола од 12 шута, Манасков постигна пет, а Видомски и Хенингман по четири.
Пелистер така избегна пораз, меѓутоа тоа во конечниот пласман не значи многу затоа што македонскиот претставник во минатото коло по ремито со ГОГ Гудме во Данска ги загуби шансите за следна фаза во Лигата на шампионите.
View this post on Instagram


