Др. Дудучки: Голем број млади Кумановци страдаат од пострауматски стресни растројства настанати во војни

Депресијата после празиниците е редовна појава. Зголемен е бројот на пациенти со анксиозност и депресија, вели во телефонско јавување во емисијата „Утрински брифинг“, невропсихијатарот Мице Дудучки.

Според докторот Дудучки, причина се условите во кои живеееме, безпарицата и економската криза.

-Депресијата како појава е и пред кардиоваскуларните заболувања. Мислам дека како држава немаме адекватни начини за справување со неа. Интензивно работам со пациенти со пострауматски стресни растројства настанати во војни. Ние во Куманово имаме 7-8.000 млади луѓе на кои никој не им обрнува внимание , во смисла на психо-социјална рехабилитација, ресоцијализација и сл- изјави во „Утрински Брифинг“, невропсихијатарот Мице Дудучки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот