Дознајте на кое овошје и зеленчук не треба да му ја лупите кората!

Зелен пазар, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Кората од овошје и зеленчук обично има повеќе антиоксиданти, растителни влакна, витамини и минерали од остатокот“, се согласи нутриционистот Малина Малкани.

Како што објасни таа, нелупените овошја и зеленчук можат да имаат до 33 проценти повеќе влакна од оние што ги лупите. Исто така, нивото на антиоксиданти во кората од овошје може да биде и до 328 пати повисоко од она што се наоѓа во остатокот.

Имајќи го тоа предвид, ако целта ви е да ја зголемите количината на хранливи материи во вашата исхрана, експертите истакнуваат дека следното овошје и зеленчук најдобро е да се јаде без лупење.

Бобинки

Не грижете се за лупење на бобинки, цреши или грозје. Освен што лупењето на нивната кора ќе биде вистински предизвик, повеќето дури и не можат да бидат излупени. Но, тоа е позитивна работа затоа што нивната кора или лушпа крие многу антиоксиданти и хранливи материи. Кога станува збор за грозје, кората е особено корисна затоа што овој дел од грозјето има најмногу антиоксиданти во целото овошје.

Праски, круши и сливи

Нивната кора содржи многу растителни влакна, хранливи материи и антиоксиданти. Една студија од 2013 година објавена во списанието „Nutrition Research” дури откри дека отстранувањето на кожата од праската резултира со 13 до 48 проценти помалку антиоксиданти во организмот.

Јаболка

„Кора од јаболко содржи нерастворливи влакна, витамин Ц, витамин А и флавоноиден карцетин“, вели експертот.

Но, иако нивната кожа е многу здрава, јаболката честопати има многу пестициди на нив. Затоа, добро измијте ги пред да јадете или размислете за купување органски јаболки.

Киви и краставици

Многумина може да бидат изненадени од фактот дека кората од киви е, исто така, за јадење. Содржи многу витамин Ц, а со консумирање, двојно ја зголемувате количината на влакна, тврди нутриционистот Хилари Цецер.

Што се однесува на краставиците, треба да ја задржите нивната кора поради витамин К, растителни влакна и калиум.

Модар патлиџан и тиквички

Не ја отстранувајте кората од модар патлиџан ако сакате дополнителни влакна, флавоноиди и магнезиум во вашата исхрана, како што е наведено од Цецер. Друга причина е фактот дека кората од модар патлиџан и тиквички е богата со вода, кора од тиквички содржи дури 95 проценти вода, а модар патлиџан 92% вода. Исто така, кора од овој зеленчук содржи повеќето хранливи материи.

Компири

„Кора од компири содржи растителни влакна, железо, витамин Ц, калиум и фолат“, вели Цесер. Наместо да ја отстраните, користете четка за зеленчук за внимателно чистење на компирите пред да готвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот