Доволно е да консумирате само една лажица дневно: Оваа народна мешавина го зајакнува имунитетот до максимум!

Фото: Профимедиа

Започнете го секое утро со лажица од овој народен лек и ќе бидете здрави во текот на целата година…

Во периодот кога сме на удар на сезонскиот грип и коронавирусот, најважно е да го зајакнеме имунитетот, бидејќи тој е најсилниот столб на одбраната. Консумирањето на овој народен напиток ќе му помогне на нашето тело да биде посилно, поздраво и поотпорно на заболувања и стрес.

Комбинацијата на овие намирници е одлична за лекување на кашлицата, температурата, вирусот, грипот и болката во грло. Потребно е само да земате по една лажица од овој лек дневно.

За подготовка ќе ви биде потребно:

– 1 лажица куркума во прав
– 1 лажица изрендан ѓумбир
– 1/4 лажичка црн бибер
– 1 лажичка изрендан лук
– прстофат каенски бибер
– 1/2 шолја мед
– 1 лажица сецкани ореви

Подготовка:

Сите суви состојки ставете ги во тегла и мешајте, па додадете го и медот. Измешајте добро се додека смесата не стане хомогена и чувајте го лекот во фрижидер.

Секое утро на гладно срце, земајте по 1 малечка лажица од лекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот