Дончиќ ја однесе Словенија во четвртфиналето на ЕП

Словенците ја продолжуваат одбраната на титулата/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Кошаркарската репрезентација на Словенија ја продолжува одбраната на титулата и со победата од 88:72 над Белгија обезбеди пласман во четвтфиналето на Евробаскетот.

Следен противник на Словенија ќе биде подобриот од дуелот меѓи Украина и Полска кој ќе се игра утре.

Актуелниот европски шампион беше апсолутен фаворит, но отпорот на разиграните Белгијци го скрши дури во последната четвртина, а конечниот резултат и победата од 16 поени, не ги отсликуваат најдобро случувањата на теренот.

Белгија беше рамноправен противник повеќе од три четвртини, на одмор имаше само минус три, а на стартот од последната четвртина дури и поведе.

Токму тогаш, Словенците предводени од Лука Дончиќ заиграа далеку подобро и нивниот квалитет дојде до израз па рутински го приведоа натпреварот до крајот. Последната четвртина Словенија ја доби со 25:12.

Лука Дончиќ повторно блескаше и ја предводеше Словенија со 35 поени, 5 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки. Клемен Препелиќ додаде 13 поени, Мајк Тоби 12, а Горан Драгиќ 11 поени. Кај Белгија се истакнаа Емануел Лекомт со 16 Жиле со 15 поени.

Претходно денеска Франција се пласираше во четвртфиналето откако во драматичен натпревар ја победи Турција., а вечерва треба да се одиграат уште два натпревари од осминафиналето, Германија – Црна Гора (18 ч.) и Шпанија – Литванија (20:45 ч.).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот