Доминација на Италијанците во најдобриот тим на Евро 2020

EPA-EFE/Andy Rain

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и официјално го избра најдобриот тим на Европското првенство. Очекувано во него се наоѓаат највеќе фудбалери на новиот европски шампион Италија, тоа се голманот Џанлуиџи Донарума, дефанзивците Леонардо Бонучи и Леонардо Спинацола, играчот од средниот ред Жоржињо и напаѓачот Федерико Киеза.

Финалистот Англија има тројца претставници во најдобриот тим, Кајл Вокер, Хари Мегваер и Рахим Стерлинг, додека полуфиналистите Данска и Шпанија имаат по еден претставник, Пјер-Емил Хојберг и Педри. Последниот член на идеалниот тим на Евро 2020 е напаѓачот на белгиската репрезентација Ромелу Лукаку.

Интересно е што во иделниот тим ги нема двајцата најдобри стрелци на ЕП, Кристијано Роналдо и Патрик Шик кои постигнаа по пет голови. Нивното место го зазеде Лукаку кој постигна еден гол помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот