Домашни ѓевречиња
Ѓеврекот е вид на печиво со прстенест облик вообичаено посипан со сусам или поретко со мак или сончогледови семки. Карактеристичен е за кујните во земјите од бившата Отоманско Царство и Блискиот Исток.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во Македонија се популарни два вида на ѓевреци, обичен и варен ѓеврек. Во последно време се прават и многу комбинации на ѓевреци полнети со сувомеснати млечни производи, но обичниот ѓеврек со многу сусам и чаша јогурт останува како незаменлива комбинација-
Состојки:
– 2,5 чаши брашно
– 1 лажичка сол
– 1 чаша топла вода
– 1 лажичка сув квасец
– 1 лажичка шеќер
– 2 лажички маслиново масло
– 1 лажица вода
– 2 чаши семе од сусам
Подготовка:
Ставете ги сите состојки за тестото во сад и замесете мазно тесто. Покријте ја тавата и оставете го да стои на топло 1 час. Загрејте ја рерната на 200 степени.
Расукајте го тестото и исечете го на ленти. Завртете ја секоја лента со рацете во должина од 24 см, во форма на грисина. Потоа, завиткајте ја лентата во плетенка од две нишки и потоа формирајте кружна форма на ѓеврек. Исто така може да си поиграте со формата и изгледот, па ѓеврекот да не биде традиционално како плетенка туку во форма на американска крофна со дупка во средината.
Ставете го ѓеврекот во сад за печење, премачкајте го со вода и обилно посипете го со сусам. Печете 20-25 минути додека убаво не поруменат.
Се служат топли со јогурт, сирење, џем или некој намаз по ваша желба.
Добар апетит!


