Долгогодишна затворска казна за Пакистанец кој планирал ликвидација на холандски десничар

Фото: EPA-EFE/Sander Koning

Холандски суд денес му изрече 10-годишна затворска казна на 27-годишен Пакистанец поради планирање на терористички напад врз холандскиот пратеник Герт Вилдерс, познат по антиисламистичките ставови, пренесоа медиумите.

На Пакистанецот, чие име не е познато за јавноста, му е изречена потешка казна од шест години затвор, на барање на обвинителството, а судиите се одлучиле на таков чекор поради тоа што осомничениот имал намера да го убие Вилдерс.

Заканите за смрт се дел од секојдневието на Вилдерс поради неговата остра антиисламистичка реторика, дознаваат од „АП“. Вилдерс со години живеел во куќа која е под 24-часовна заштита.

Судот наведе дека осудениот Пакистанец во август минатата година допатувал во Холандија со план да го ликвидира Вилдерс, бидејќи организирал конкурс за најдобра карикатура на пророкот Мухамед, од што подоцна се откажал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот