Долг фустан и чизми: Џеј Ло ќе ви покаже како се носи најженствената комбинација (ФОТО)

профимедиа

Фустаните до глужд со интересен принт се многу популарни овие денови, а на овој тренд не му одолеа ниту Џенифер Лопез.

Пејачката демонстрираше како овој модел се носи на најдобриот начин. Чизмите со високи потпетици изгледаат феноменално во комбинација со токму овој модел на фустан.

профимедиа

Кројот на фустанот е идеален, па така во него нема да ви биде ладно во текот на деновите кога температурите се близу нулата, а во исто време ќе изгледате женствено и елегантно.

Вака стилизирани може да одите каде и да посакате. Аутфитот е прикладен за дневни прилики, кафе со пријателите, па дури и ноќни излегувања.

профимедиа

Облините се нагласени на вистинскиот начин, а благодарение на високите потпетици фигурата делува поиздолжено и повитко.

Аксесоарите како ремен околу половината се добредојдени, бидејќи ќе го нагласат струкот и ќе ја направат фигурата визуелно поскладна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот