Доктор Жарко Караџовски: Сами ако не си помогнеме болниците ќе се исполнат брзо и ќе има до 1000 заразени дневно!
Доктор Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести вели дека анализата од епидемиолошките податоци за зголемениот број на заразени во земјава укажува дека тие се резултат на забави концерти, групирање и неносење маска.
Тој додава дека има свадби, кои Комисијата никогаш не ги дозволила. Според докторот, самото тоа што возрасната група на новозаболените е најмногу од 20 до 39 години покажува дека тоа се луѓе кои најмногу се движат на насатани, или пак се собираат таму каде што мерките за дистанца и маска не се почитуваат.
Во Европа има типичен есенски бран на Ковид кој не ја одминува ни Македонија. Засега не се размислува за воведување полициски час зашто тоа ќе е последната мерка што Комисијата за заразни болести ќе ја предложи до кризниот штаб ако ништо друго не функционира.
Но, според Караџовски, засега не се исцрпени сите мерки и засега не се размислува за полициски час. Франција е единствената земја каде има полициски час моментално во Европа.
-Сами ако не си помогнеме нема да може ни уште 500 доктори ни уште 20 болници да ни помогнат, болниците ќе се исполнат брзо. Бараме помош од сите и широко апелираме до населението за помош и почитување на мерките. Ако не почитуваме мерки, тоа ќе не одведе до огромен број заразени и преполни болници. Дајте да се здружиме сите заедно. Можеме да предложиме уште сет на десет мерки но не денска,зашто чекаме да видиме како ќе се развива состојбата. Скопје е една третина од државата и тука најповеќе не се почитуваат мерките зашто има најмногу настани. Ако вака продолжиме можеме да очекуваме само влошување од по 500 600 па и 1000 случаи дневно. Целта ни е да нема групирање, да не ,,џускаат”. Јас не сум видел концерт каде што народ џуска, вришти и носи маски. Да се спречи секакво групирање и ширење на горнореспираторна инфекција, рече доктор Караџовски.