Доктор Елена Арсова, трихолог: Дали УВ-зраците можат да ја оштетат косата?

елена арсова
Фото: Приватна архива

Заштитата на темето е најголем проблем бидејќи оштетувањето на фоликулите на влакното може да резултира со опаѓање на косата.

Краткиот одговор на ова важно прашање е, ДА. Светлината во ултравиолетовиот спектар, вклучувајќи ги УВА и УВБ светлината, може сериозно да ја оштети косата.

Радиолошките својства на овој спектар можат да уништат поединечни влакна, фоликули кои ги произведуваат влакната, да ги разделат протеинските врски (делувајќи на сјајот и квалитетот на косата), да ја избледат бојата на косата, посочува доктор Елена Арсова, трихолог од „HairClinicBeograd“.

коса

Зошто сонцето ми ја оштетува косата?

Косата е протеинска структура, изработена од кератин и чувствителна на надворешните влијанија од механичка, физичка или хемиска природа. Изложувањето на сонце е една од најчестите причини за оштетување на структурата и квалитетот на влакното.

Фотохемиското оштетување на косата вклучува разградување и губење на протеините на косата, како и деградација на пигментот на косатa. Разградувањето на протеините е предизвикано од дејството на сончевата светлина со бранова должина од 254 до 400 нм. УВБ зрачењето е одговорно за губитокот на протеините во косата, а УВА зраците за осветлувањето на косата.

Кога фотосензитивните аминокиселини на протеините на влакната ги апсорбираат сончевите зраци, тогаш се разградуваат аминокиселините, протеинските врски и секако протеинот во влакното. Во текот на овој процес се ослободуваат слободните радикали, кои дополнително влијаат негативно на кератинот. Резултатот е директно оштетување на структурата на влакното, истенчување на влакното и губење на еластичноста.

Пигментот на влакното може делумно да ги имобилизира слободните радикали и да спречи нивно влегување во кератинската матрица на влакното. Во исто време, пигментот се разградува и нашата коса осветлува. Колку е поголемо оштетувањето од УВ зрачењето, толку посветла ќе биде нашата коса. Затоа, пигментот на влакното е важен за директна и индиректна заштита на протеините на влакното.

Поради деградација на кератинот на влакното, неопходно е да се користат маски и шампони богати со кератин, кои го надоместуваат овој површински губиток и ги враќаат структурата и сјајот на влакното.

коса

Заштита и регенерацијата на влакното

Најдобрата превенција од УВ оштетувањето на косата е едноставна и многуефикасна. Започнете со носење капа, по можност со широк раб, којшто покрива голем дел од косата. Заштитата на темето е најголем проблем бидејќи оштетувањето на фоликулите на влакното може да резултира со опаѓање на
косата.

Спрејовите за заштита на косата со СПФ, заштитни фактори се исто така важни. Доволно е само спрејот да го испрскате на косата. Може и кремот со заштитен фактор директно да го нанесете на темето. За мажите е особено важно да се нанесе кремот на главата доколку носат кратка коса или ја бричат ​​главата.

Маслата за коса не треба да се нанесуваат пред да се изложите на сонце. Маслата на висока температура уште повеќе ја загреваат косата и се основа за уште поголемо оштетување. Хидратантните масла се нанесуваат на косата навечер за да се нахранат влакната по сончањето.

Боењето на косата во текот на летото и пред летниот одмор, всушност, помага да се заштити косата од сонцето. Така што слободно можете да ја обоите косата. Но, воздржете се од шатирање.

Ако одите на море или на базен, пред пливање, косата треба да се натопи со слатка вода под туш. Слатката вода ќе се апсорбира во површинскиот слој на влакното и ќе спречи солта од морската вода да го исушат влакното и хлорот да навлезе длабоко во влакното. Не пливајте во базен ако неодамна сте ја шатирале косата, бидејќи косата ќе стане зелена.

Можете да нанесете маска или регенератор на вашата коса пред пливање, којшто ќе формира површински филм на влакното и ќе го заштити од солта и хлорот.

коса сонце лето
Фото: Profimedia

Но, без оглед колку ја заштитувате косата во текот на летото, ќе се појават мали промени.

Првиот чекор е да ги скратите врвовите. А, следен чекор е враќањето на хидратацијата, структурата и еластичноста на влакното.

Поради деградација на кератинот на косата, неопходно е да се користат маски и шампони богати со кератин, кои го надоместуваат овој површински губиток и ја враќаат структурата и сјајот на косата. Вештачкиот кератин брзо го реструктуира влакното и ѝ го враќа животот. За да може кератинот да го
постигне својот ефект, маската мора да се чува на косата 10-15 минути.

Аргановото, кокосовото и палминото масло се одлични за хидратација на влакното. Нанесете масло на косата, убаво исчешлајте ја, врзете ја во пунџа и преспијте со врзана коса. Следниот ден, косата измијте ја со нежен шампон со кератин.

Обратете се на професионални фризери кои со концентрирани ампули исто така ќе го вратат сјајот и квалитетот на влакното. Ако косата е премногу депигментирана, само професионални фризери можат повторно да ви ја нијансираат косата.

Ако дојде до опаѓање на косата поради прекумерно изложување на сонце, консултирајте се со лекари – трихолози за да ги ревитализирате фоликулите на влакната и да покренето нов раст на косата. ПРП, третманот со плазма е вистински еликсир за раст и подмладување на косата.

Најдобра превенција од УВ оштетување на косата е да носите капа што ја покрива косата и го штити темето.

Видео на денот