18 C
Скопје

Доколку премногу се потите и ви мириса под пазувите, внимавајте што јадете!

Потењето е начин за тело да ви каже дека е време да се разладите или дека реагирате на стресни ситуации. Дерматолозите посочуваат дека има многу начини да се избегне непријатниот мирис под пазувите, како што е употребата на дезодоранс и одржување на хигиената, но и дека промената во исхраната може да има големо влијание.

Мирисот зависи од различните видови бактерии кои се наоѓаат на кожата, заедно со различните видови храна што ја внесувате во организмот. Иако се здрави, одредени зеленчуци како брокулата, зелката, аспарагусот и карфиолот, го интензивираат непријатниот мирис на гасовите и потта, па затоа не би било лошо да се обидете да го намалите внесот на овие намирници.

Прочитајте и...  Емина Јаховиќ ќе го тужи Мустафа за 26 месеци неплатена алиментација: „Не им е платено здравствено осигурување на децата“

Дерматолозите велат дека ова се случува затоа што вашето тело се бори да ја свари оваа храна. Со метаболичкиот процес се ослободуваат нестабилни соединенија кои потоа излегуваат од телото оставајќи смрдеа.

Фото: Профимедиа

Исто така, намирниците богати со витамин Б го интензивираат потењето, бидејќи самиот витамин благо ја зголемува внатрешната телесна температура, па телото се бори со потење.

Имајте на ум дека ако многу се потите, а во исто време сте љубител на кафето, најверојатно ќе мора да го намалите дневниот внес на оваа омилена црна напивка. Влијанието врз потните жлезди малку ќе го намалите доколку кафето го пиете изладено. Кофеинот што се содржи во кафето е стимулант и ја забрзува работата и на умот и на телото.

Прочитајте и...  Лесно влегуваат во долгови и не знаат за доста: Овие 5 хороскопски знаци се најголемите трошаџии

Сепак, покрај исхраната и стресот, постојат и некои болести кои предизвикуваат зголемено потење и непријатен мирис, како што се болестите на црниот дроб, дијабетесот и откажувањето на функцијата на бубрезите. Доколку забележувате невообичаени симптоми, секогаш прво побарајте совет од вашиот лекар.

Поврзани вести

Британски таблоид треба да и исплати отштета од половина милион евра на Меган Маркл

Слободен печат

ФОТО | Бритни Спирс објави емотивна фотографија: По долго време повторно ги покажа синовите

Слободен печат

ВИДЕО | Како да ја исфенирате косата како вистински професионалец: Трик кој е пожелно да го знае секоја жена!

Слободен печат

Го допивате кафето неколку часа подоцна од подготовката? Прочитајте дали е здрава оваа навика

Слободен печат

ФОТО+ВИДЕО | Познатата фитнес инструкторка Елена Бубало со искрена објава за менливоста на телото

Ирена Трајкова

Март ќе биде најлошиот месец за овие 3 хороскопски знаци, проверете зошто

Слободен Печат

Остави Коментар