Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Дојавите за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово биле лажни

Полицијата вечерва соопшти дека заканите за поставени бомби во сите 45 училишта во Скопје и во Куманово, кои биле испратени попладнево, се лажни.

„Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, пишува во полициското соопштение.

Поради дојавите, попладнево беа откажани сите активности во училиштата, а учениците беа испратени дома.

Дојави за бомби во скопски и кумановски училишта, попладнево ја откажале наставата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот