Фото: Архива на „Слободен печат“

Дојави за бомби во скопски и кумановски училишта, попладнево ја откажале наставата

Попладнево стигнала дојава за поставени бомби во основните училишта во скопската општина Аеродром, како и во повеќе школи во Куманово. Откажани се сите активности на децата во втората смена, како и тренинзи на клубови, играорни групи и други активности за кои се изнајмуваат салите и атриумите на училиштата.

„Денеска (28.10.2025) околу 18 часот во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на е-поштенските адреси на неколку основни училишта пристигнале пораки со закана за поставени експлозивни направи“, соопшти МВР.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, веднаш по пријавите се постапува по протокол, а во тек се проверки од страна на полициските службеници.

Екипи на полицијата се на терен и ги прегледуваат училиштата со цел да се утврди веродостојноста на заканите и да се обезбеди безбедноста на учениците и наставниот кадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот