Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/ANTON VAGANOV / POOL

Додик му се заблагодари на Трамп за укинувањето на санкциите, па удри со дрвја и камења по Обама и Бајден

По повеќе од осум години, американските власти ги укинаа санкциите кон Милорад Додик, неговото семејство и дел од функционерите на Република Српска. Одлуката ја донесе Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД, а Додик веднаш реагираше на социјалната мрежа „X“, изразувајќи благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп и упатувајќи критики кон администрациите на Барак Обама и на Џозеф Бајден.

„Благодарен сум на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници. Голема неправда беше направена кон Република Српска, нејзините претставници и членовите на семејствата – неправда од страна на администрациите на Барак Обама и Џозеф Бајден. Одлуката за воведување санкции не беше коректна, а одлуката за нивно укинување не е само правна, туку и морална рехабилитација на вистината за Република Српска и за сите што ѝ служат чесно“, напиша Додик.

Тој додаде дека „повторно се покажало дека сè што било изговорено против Република Српска било лага и пропаганда, врз кои бил изграден голем неред што го создал Кристијан Шмит – неред што сега мора да се исчисти.

Додик им порача и на своите критичари:

„Оние што овие години ликуваа и веруваа во туѓи лаги можам да им простам сè, освен годините што ги изгубивме затоа што веруваа дека Република Српска ќе падне. Денес е јасно: никогаш нема да падне“.

Да потсетиме, Милорад Додик беше под американски санкции од 2017 година поради, како што тогаш наведе американското Министерство за финансии, „опструкција на Дејтонскиот мировен договор и корупција“.

Покрај оваа одлука, OFAC објави и ново Општо одобрение број 129, кое се однесува на трансакции поврзани со компаниите Rosneft Deutschland GmbH и RN Refining & Marketing GmbH, како и изменето често поставувано прашање (FAQ 1216).

САД го избришаа Додик од „црната листа“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот