САД го избришаа Додик од „црната листа“
Покрај Додик, од листата на санкции се симнати вкупно 48 физички и правни лица кои во изминатиот период биле санкционирани според Програмата за санкции за Западен Балкан.
Kанцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) ги отстрани од листата на санкции Милорад Додик, претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи, како и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, објави РСЕ.
Препорачано
Од листата се отстранети и претходно санкционираните членови на семејството на Додик, нивните фирми и блиски соработници.
OFAC досега двапати го санкционираше Додик поради антидејтонско дејствување.
Покрај Додик, од листата на санкции се симнати вкупно 48 физички и правни лица кои во изминатиот период биле санкционирани според Програмата за санкции за Западен Балкан.
Во одлуката се наведува дека од листата на санкционирани се тргнати и децата на Милорад Додик – Игор и Горица, како и политичари од неговата партија и други блиски соработници.
Меѓу нив се: Ненад Стевандиќ, претседател на Народното собрание на РС, Сташа Кошарац, министер за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Радован Вишковиќ, поранешен премиер на РС, Синиша Каран, министер за високо образование на РС, Ален Шераниќ, министер за здравство на РС, Петар Ѓокиќ, министер за енергетика и рударство на РС, и Милош Букејловиќ, поранешен министер за правда на РС.
Санкциите се укинати и за Сребренка Голиќ, претседателка на Советот на народи на РС, и Џерард Селман, претседател на Уставниот суд на РС.
Под санкции повеќе не се ни Драган Станковиќ, директор на геодетската управа на РС, Душко Перовиќ, шеф на Претставништвото на РС во Русија, како и Бранислав Окука, советник на Додик.
Далибор Паниќ, генерален секретар на Владата на РС, Рајко Кузмановиќ, поранешен претседател на РС, и Горан Филиповиќ, шеф на Кабинетот на претседателот на Парламентот на РС, исто така повеќе не се санкционирани.
Покрај нив, санкциите се укинати и за повеќе лица кои се поврзуваат со семејството Додик и нивните бизниси.
Меѓу нив се: Ѓорѓе Ѓуриќ, Владимир Перишиќ, Александар Добриќ, Мирко Добриќ, Влатко Вукотиќ, Марко Гујаниќиќ, Немања Рељин, Павле Ќоровиќ, Радмила Бојаниќ и Синиша Додик.
Исто така, повеќе не се санкционирани ниту фирмите поврзани со семејството Додик.
Тоа се: „Алтернативна телевизија“, „Fruit Eco“ д.о.о., „Agape Горицa Додик и Ивана Додик“, ресторан „Agape“, „Агро овошје“ д.о.о. Лакташи, „Global Liberty“, „Infinity Media“, „K-2“, „UNA телевизија“, „Infinity International“, „Prointer“, „Kaldera Company“, „Sirius“, „Elpring“ д.о.о., „Nimbus Innovations“ д.о.о., „Зелена јаболка“ д.о.о., „Vorto“ д.о.о., „Best Service“ д.о.о., „Agape Best“ д.о.о. и „SEE Media Research“.
Пред околу десет дена, OFAC тргна од листата на санкционирани и четири лица од ентитетот Република Српска, санкционирани поради организирање на прославата на 9 јануари – неуставниот Ден на Република Српска.
Станува збор за санкциите за Даниел Драгичевиќ, Јелена Пајиќ Баштинац, Дијана Миланковиќ и Горан Раковиќ.
Властите на РС во декември минатата година потпишаа договор со американската адвокатска канцеларија „Zell & Associates International Advocates“ за лобирање во САД со цел укинување на санкциите за Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ, промовирање на дијалог меѓу РС и администрацијата на Доналд Трамп, како и преиспитување на Дејтонскиот договор и улогата на високиот претставник во Босна и Херцеговина.
Според регистрациониот документ во кој имал увид Радио Слободна Европа (РСЕ), адвокатската канцеларија ќе ги остварува овие цели на територијата на САД преку комуникација со претставници на извршната и законодавната власт, како и со невладиниот сектор.
Досега, договорите на РС со лобистички и адвокатски куќи во САД главно се однесувале на промоција на инвестиции и правно советување, а тие услуги чинеле по неколку десетици илјади долари месечно.


