Добрила од Сирогојно „им продавала мода“ на Италијанците, а Јованка Броз била воодушевена од нејзините рачни изработки
Добрила Смиљаниќ, српска текстилна работничка најпозната по џемперите од Сирогојно, кои добија важност и популарност поради неа, почина денеска на 91-годишна возраст во Сирогојно.
Препорачано
Нејзиното име засекогаш ќе остане запаметено во мода на поранешна Југослави, но и на целиот Балкан, а свој печат остави и во светот, е наведено на официјалната страница на „Сирогојно стајл“.
Благодарение на Добрила, креациите со мотиви од српското наследство биле видени во Италија, но и во Њујорк. Иако дипломирала на економски факултет и се вработила како книговодителка, плетењето отсекогаш ѝ било љубов.
Со помош на талентот, храброста и визијата, таа организирала курс за 40 жени од својот роден крај. За успехот на Добрила зборува фактот дека е една од 33 жени од целиот свет кои ја добиле наградата на УНЕСКО.
Приказната за џемперите од Сирогојно
Нејзината приказна за „џемперите од Сирогојно“ започнува во 1962 година, кога слушнала за свештеничкото семејство Смиљаниќ од Сирогојно и се омажила за Драгош Смиљаниќ. Набрзо, задружната сала Сирогојна организирала состанок поврзан со развојот на туризмот во Златибор, со посебен акцент на локалните ракотворби, наведуваат од инстаграм-страницата на Музејот на плетачи.
Првата колекција џемпери не ги постигнала очекуваните резултати поради квалитетот на волната, но Добрила не дозволила тоа да ѝ ги расипе плановите. Со сопругот се преселила сво Белград и се вработила во „Југословенската ревија“, речиси секојдневно патувала со камион од Белград до Златибор и своите креации се обидувала да ги продав „од врата до врата“.
Од фината волна што пристигнувала од Исланд Добрила и нејзиниот сопруг правеле магија, а првата изложба во Белград следеше во 1965 година. Од тој момент, светот стана мал за познатата Добрила од Сирогојн, како што ја нарекуваа сите, според веб-страницата на „Око Златибор“.
Нејзините креации се појавија во Рим во 1973 година, а потоа на саемот во Лион, во 1977 година Здружението на уметници и творци на Италија ја прогласи за големо име во светската мода. Нејзините џемпери ја воодушевија кралицата Елизабета II, Ненси Реган, Лив Улман, а ја контактираа и Јованка Броз.
„Џемперите од Сирогојно“ стигнаа и до познатиот Пјер Карден, кој избра 18 модели на плетачки од Сирогојно за својата колекција.
Докази за работата и посветеноста на Добрила има во Музејот на плетачи во Сирогојно, а објавена е и книгата „Добрила“, чиј автор е Зоран Јеремиќ, која раскажува за животот на оваа храбра и успешна визионерка за која се вели дека успеала да направи креација со мотиви од нашето наследство од состанок во земјоделска задруга во Сирогојно и ја продала на модните владетели на Италија.
Директно од Сирогојн, џемперите стигнале до Петтата авенија во Њујорк, каталозите на нејзините колекции биле направени од Вог и Прада, а Добрила официјално се пензионирала во 1998 година.
„Сирогојно, Сирогојно… Соништата станаа реалност, а реалноста стана сон. Сонувам за модел, а жените ја плетат уште поубаво. Волната, таа прекрасна топла волна, ме грееше кога ништо не можеше да ме стопли, ми донесе толку многу радост во кадифените облаци од соништата“, се наведува на крајот од книгата „Добрила“.


