Добредојде пролет: Дали знаете зошто почнува на 20, а не на 21 март?

пролет
Скопје, 17 март 2021 - Фото: СП. / Михаило Донев

Денес во 16 часот и 33 минути и официјално ќе ѝ кажеме добредојде на долгоочекуваната пролет. На првиот ден од пролетта, денот и ноќта траат 12 часа и се еднакви, па тој ден се нарекува ден на пролетна рамноденица.

Со оглед на тоа дека пролетта започнува денес, на многумина можеби им е чудно што во училиште учеле дека пролетта започнува на 21 март.

Зошто се сменил датумот?

Не сте научиле погрешно. До 2011 година, пролетта започнуваше на 21 март. Оттогаш, барем за жителите на северната хемисфера, пролетта започнува на 20 март, па, зошто е тоа така?

„Пролетта почнува на 20 март од 2011 година, дотогаш датумот се менуваше меѓу 20 и 21 март. Така ќе биде до 2048 година, кога почетокот на пролетта ќе биде меѓу 19 и 20 март. Дури во 2102 година почетокот на пролетта ќе се врати на 20 и 21 март“, вели Бранко Симоновиќ од Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“.

Пролетта започнува кога Сонцето, во своето годишно движење, го преминува екваторот и започнува да се движи кон север. Денес, Сонцето изгреа точно на исток во 5 часот и 35 минути и ќе зајде на запад во 17 часот и 45 минути.

Два различни методи

Имено, постојат два различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња, метеоролошки и астрономски.

Метеоролошкиот метод го користат метеоролозите кои ја набљудуваат температурата и состојбата на атмосферата. Според овој метод, секоја сезона трае по три месеци, а пролетта трае од 1 март до 31 мај.

Вториот метод се базира на астрономските сезони и се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Почетокот на годишните времиња се поврзува со времетраењето на денот.  Астрономски, пролетта доаѓа кога Сонцето преминува од јужната на северната хемисфера. Тогаш сонцето изгрева на исток, а заоѓа на западната страна на хоризонтот. Денот и ноќта траат подеднакво и затоа тој ден се нарекува ден на пролетна рамноденица.  Токму со овој метод денес доаѓа пролетта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот