Дисциплинска постапка против Хрватска поради навредите кон канадскиот голман Борјан
ФИФА објави дека обвиненијата против Хрватската фудбалска федерација се однесуваат на однесувањето на хрватските навивачи и наведените правила за дискриминација и безбедност на натпреварите, пренесува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Меѓународната фудбалска федерација поведе дисциплинска постапка против Хрватската фудбалска федерација, поради навредлив транспарент и навреди кон репрезентативниот голман на Канада, Милан Борјан.
Борјан, кој е член на Црвена звезда, беше протеран од родниот Книн во операцијата „Бура“ во 1995 година.
Хрватска во неделата на Светското првенство во Катар ја совлада Канада со 4:1 во натпреварот од второто коло од групата „Ф“ и со тоа ја елиминира северноамериканската селекција од понатамошното натпреварување.
ФИФА не одреди рок за донесување одлука, а ваквите случаи најчесто завршуваат со парична казна.
Претходно ФИФА ја изрече првата казна на Мундијалот, Германската фудбалска асоцијација ќе мора да плати 10.000 швајцарски франци затоа што не донесе играч на задолжителната прес-конференција на ден пред натпреварот.


