Директорот на Австралија Опен: Сакам да дојде Ѓоковиќ, но јас не одлучувам

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Новак Ѓоковиќ игра во одлична форма и во краток период освои два турнири во низа во Тел Авив и Астана, па така очекува да има одличен крај на сезоната која за него беше исполнета со многу паузи и турбиленции.

Годината за Новак започна со драмата во Австралија Опен од каде што беше депоритран поради одбивањето да се вакцинира. Ѓоковиќ во Мелбурн преживеа вистинска драма од неколку дена, а на крајот доби и тригодишна забрана за влез во земјата.

Забраната дојде автоматски со неговата депортација, меѓутоа постои можност таа да биде поништена и Новак да настапи на почетокот на 2023 на овој турнир. Ѓоковиќ веќе изјави дека негова желба е да игра на Австралија Опен, но се уште не е сигурно дали ќе добие виза.

Директорот на Австралија Опен, Крег Тајли не криеше дека тој нема ништо против Ѓоковиќ да игра на турнирот во јануари, сепак додаде дека не зависи се од него.

„Кога би се прашувал само јас, Новак е добредојден во Австралија. Сепак, потребно е да се решат работите со Федералната влада на Австралија. Ние не можеме да влијаеме на нивните одлуки. Се што можеме да направиме е само да ги следиме одлуките. Со Новак имав средба на Лајвер Купот и разговаравме за ова, Ноле изрази желба да дојде. Конечниот одговор ќе го има Федералната влада“, изјави Тајли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот