Директорката на московскиот државен театар поднесе оставка: „Не можам да работам за убиец“

театар путин украина
Елена Ковалскаја, Владимир Путин, Фото: ЕПА, Фејсбук

Директорката на државниот театар во Москва во четвртокот јавно го нарече рускиот претседател Владимир Путин „убиец“ кога објави дека се повлекува од функцијата во знак на протест поради воениот напад на Русија врз Украина, пишува „Business Insider“.

„Пријатели, во знак на протест против руската инвазија на Украина, поднесувам оставка“, објави на „Фејсбук“ Елена Ковалскаја, директорка на театарот Мејерхољд Центар.

Ковалскаја додаде: „Не можете да работите за убиец и да добивате плата од него. Ќе ги доведам моите проекти – оние што ги иницирав – до крај, на доброволна основа“, рече Ковалскаја.

Украинката која се откажа од Евровизија, снимала филм во Македонија: Интервју со режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов

Во меѓувреме, театарот – именуван по починатиот руски драматург Всеволод Мејерхољд – исто така се огласи на „Фејсбук“, велејќи дека немилосрдната агресија на Русија во Украина „сега дојде во трагичен конфликт со нашата мисија“.

„Не можеме да молчиме за ова. Ни останува само ова да кажеме: „Не на војната“, се вели во објавата на социјалните мрежи. „Војната е многу повеќе од непочитување кон една личност и многу пострашна. Војната е смрт на личноста, тоа е убивање луѓе“.

Театарот, исто така, се заблагодари на Ковалскаја за нејзината храброст.

Умберто Еко: Како да препознаете фашисти?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот