профимедиа

„Диор“ и „Армани“ плаќале 100 долари по чанта, а ги продале за 3.000 долари

Луксузот не е секогаш онаков каков што изгледа. Истрага во Италија откри дека брендовите „Диор“ и „Џорџо Армани“ наводно им плаќале на своите добавувачи помеѓу 57 и 99 долари по чанта, додека истите чанти се продавале во продавниците за речиси 2.000 до 2.800 долари.

Според судските документи, некои работници – претежно од Кина – биле принудени да живеат и спијат во фабрики за да го одржат производството во тек. Истражителите, исто така, откриле дека безбедносните уреди биле отстранети од машините, а вработените работеле без важечки дозволи за работа. Обвинителите велат дека притисокот за одржување високи маржи на профит довел до тоа овие прекршувања да станат системски проблем во луксузната индустрија.

Судиите во Милано затоа ги ставија „Диор“ и „Армани“ под едногодишна судска администрација, иако компаниите можат да продолжат да работат. Додека Диор тврди дека го подобрил својот синџир на снабдување, а Армани дека целосно соработува со властите, случајот открива подлабока вистина – дека етикетата „Произведено во Италија“ секогаш не гарантира етички луксуз, објавува Банкар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот