Дино Мерлин се огласи по концертот во Белград: Стануваме поблиски еден до друг…

Фото: Insatgram/ dinomerlin

Легендарниот музичар Дино Мерлин во белградската „Штарк Арена“ го одржа вториот концерт, кој поминал спектакуларно, а на српската публика ѝ приредил незаборавна вечер.

По, двата последователни концерти Мерлин екслузивно за „Дневни аваз“ зборуваше за своите впечатоци. Имено, тој нагласил дека музиката е таа што ги зближува луѓето.

„Како што кажав на саботниот концерт, музиката ги зближува луѓето. Кога пееме заедно, некако стануваме поблиски еден до друг“, изјавил Мерлин.

Тој додал дека му е мило што неговата музика е „издувен вентил“ за луѓето.

„На секој човек му треба „издувен вентил“. За многумина тоа е музика и среќен сум што голем број луѓе ги пеат моите песни, бараат утеха во нив и барем за момент забораваат на суровата реалност“, додал тој.

Пејачот на големата сцена на „Штарк Арената“ изјави дека за жал не може да ги смениме лошите работи и настани, но барем може да ја најдеме светлината во себе и во луѓето околу нас.

„Да оставиме подобар свет за нашите деца, внуци и генерациите што доаѓаат“, рекол тој.

ВИДЕО | Публиката во транс: Здравко Чолиќ и Дино Мерлин направија спектакл во Белград

ВИДЕО | Публиката во транс: Здравко Чолиќ и Дино Мерлин направија спектакл во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот