ВИДЕО | Публиката во транс: Здравко Чолиќ и Дино Мерлин направија спектакл во Белград

Фото: Фејсбук/Дино Мерлин/Жељко Видиновиќ

Босанскиот пејач Дино Мерлин синоќа го одржа вториот последователен концерт во Белградската арена и ѝ приреди незаборавна вечер на својата српска публика.

Покрај одличната изведба на неговите најголеми хитови, Мерлин ги изненадил обожавателите со еден специјален гостин, за кој никој не очекувал дека ќе се појави на сцената – Здравко Чолиќ.

Легендата на југословенската забавна музика бил пречекан со воодушевено и долготрајно ракоплескање од страна на бројната публика, а и самиот Мерлин му се обратил со емотивни зборови.

Фото: Фејсбук/Дино Мерлин/Жељко Видиновиќ

„Дами и господа – Здравко Чолиќ. Јас ја имав таа среќа како дете да присуствувам на неговиот прв концерт на стадионот Кошево во Сараево. Тоа беше спектакл. Имаше ласери и свиреше музичка група од Лондон. И, еве, сега сме тука заедно“, изјавил Мерлин, а пренесоа српските медиуми.

Потоа Чолиќ ја почнал изведбата на песната „Да ти кажем шта ми је“, а публиката уживала во енергичниот настап и раскошниот вокал најголемата регионална ѕвезда. Во даден момент, Чолиќ и Мерлин се прегрнале и запеале заедно, нешто што било одлично прифатено од обожавателите.

@jovanskakic #dinomerlin #zdravkocolic ♬ original sound – Jovan Skakic📸

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот