Димушевски и Гушиќ втори по првиот ден на „Рели Србија“

Владимир Димушевски и Бранко Гушиќ го завршија првиот ден од „Рели Србија“ на второто место во нивната RC5 класа и се на 19 –то место од 39 екипажи во генералниот пласман пред неделните шест етапи.

По првите 6 етапи од првиот ден на 55-то издание на „Рели Србија“ кое викендов се вози во околината на Врњачка Бања, македонскиот екипаж Димушевски-Гушиќ е блиску до пласман на подиумот во нивната RC5 класа завршувајќи го денот на второто место.

Во генералниот пласман, со вкупно време од 1 час и 13 минути, тие се 19 ти од 39 екипажи колку што стартуваа на релито. Во недела на програмата се уште 6 брзински испити.

Имавме неверојатно напорен и исцрпувачки ден, почнавме во 9 наутро и завршивме дури во 18 часот. Секоја етапа беше неверојатно тешка и бараше врвно возење и се соочивме со ситуации со кои досега не сме се сретнале. Втората етапа, таканарешениот Силвер, беше долга дури 27 километри до врвот на планината Гоч, така да возилото и немаше толку сила да го возиме до максимум до самиот крај. Третата етапа имаше мазен и многу лизгав асфалт со многу песок. На петтата етапа, романскиот екипаж со кого се “бркавме“ за второто место во нашата класа излета токму пред нас, па имавме некои 30-тина секунди застој. Потоа ја изгубивме конекцијата на радио врската помеѓу нас, па гумите веќе престанаа “да држат“ и последната, шеста етапа само гледавме да ја завршиме. Навистина ова денес беше големо доживување. Низ сите ситуации научивме многу работи, собравме многу искуство, задоволни сме од денешниот пласман – вели Гушиќ.

Македонскиот екипаж утре го очекуваат преостанатите шест етапи на кои ќе се бори за пласман на подиумот.

– Во недела ќе биде посебно опасна третата етапа, тоа е една од овие што ја возевме денес, но обратно, од врвот надолу. Во мојата кариера сум имал толку многу извозени трки на брдски патеки, но секојпат нагоре, утре за прв пат ќе возам трка обратно, односно по удолнина. Тој асфалт е многу нечист со многу песок, ќе треба да внимаваме на дупките покрај патеката и да не ги прегрееме сопирачките. Тактиката за утре е да го задржиме сегашниот пласман затоа што во нашата класа Бугаринот Томов е 4 минути зад нас, а романското рено клио кое е во водство има предност од 6 минути пред нас. Во генерала, приоритетот е да останеме во првите 20, но главниот фокус ќе биде на пласман на подиум во класата – вели Димушевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот