Димовски: Во пресудата не пишува Митревски да се врати на чело на ССМ

Повеќе детали, Димовски најавува за утре.

Актуелниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека слободно може да се спроведе одлуката на Вишиот управен суд на која денеска се повика поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски.

– Слободно нека ја спроведат пресудата на судот, но таа вели – да се врати назад на разгледување жалбата на Живко Митревски во Второстепената комисија. Никаде во пресудата не пишува Живко Митревски да се врати како претседател на ССМ, истакнува Димовски.

Повеќе детали, Димовски најавува за утре.

Денеска поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски на прес-конференција соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба. Тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише како легитимен претседател на ССМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот