Димитров се излечи од коронавирусот

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Бугарскиот тенисер потврди на социјалните мрежи дека се опорави од коронавирусот.

Григор Димитров учествуваше на „Адриа тур“ турнирите во Белград и Загреб каде и се зарази со коронавирусот. Тој последниот дуел во Задар го предаде бидејќи не се чувстувапе најдобро, а непосредно пред финалето објави дека е позитивен на ковид-19 по што дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Антон ТРубљов беше откажан.

„Само што добив одлични вести од докторот во Монако – имам негативен резултат на тестот на коронавирус. Ви благодарам на поддршката во последните неколку недели за време за карантинот. Се радувам што наскоро се враќам на тренинзите и ќе бидам подготвен за УС Опен“, напиша Димитров.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот