Димитриеска-Кочоска: Ќе ја намалиме акцизата ако има големо поскапување на нафтата

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изрази жалење што секогаш во криза се наоѓаат профитери. Таа рече дека на вчерашниот состанок во Владата со сите претставници на нафтените компании, ниту еден не кажал дека има каков било проблем со залихите.

Како Министерство за финансии, рече министерката Димитриеска-Кочоска, тие можат да делуваат во делот на акцизите.

– Ако се прогласи кризна состојба, за што се надлежни други во државата, на Министерството на располагање му стои Законот за акцизи каде што се поставени стабилизатори и во зависност од надминатите ценовни прагови, акцизите може да се намалат за 1,2, или 4 денари – рече министерката.

Таа пренесе дека на состанокот се зборувало и за контролите на бензинските пумпи. Владата била информирана дека за 24 часа се направени контроли на 100 бензински пупи и дека само во две немало бензин, со образложение дека се транспортира од главниот склад.

Повеќе бензиски пумпи по 22 часот не точат гориво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот