Ди Марцио: Готово е, Халанд избра каде ќе ја продолжи кариерата

Ерлинг Халанд ќе ги брани боите на „граѓаните“/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд одлучил да направи трансфер во Реал Мадрид.

Ди Марцио тврди дека Норвежанецот избрал помеѓу англиската Премиер лига и шпанската „Ла Лига“. Според него, „Ла Лига“ повеќе му одговара на неговиот стил на игра.

Во Шпанија два клуба Реал и Барселона можат да го донесат еден од најдобрите напаѓачи во светот напаѓач, а Халанд одлучи да го облече „кралскиот“ дрес.

Тој веќе побара од својот агент да се договори со Реал, објави италијанскиот новинар.

Следното лето би можел да се раздели со Дортмунд за 75 милиони евра. За бундеслигашот заработува околу осум милиони евра годишно, а во Мадрид се очекува да заработува двојно повеќе.

– Ерлинг ќе го направи следниот чекор во кариерата. Баерн, Реал, Барселона и Манчестер сити се клубови каде што може да оди – рече неодамна агентот на Халанд, Мино Раиола.

Халанд пристигна во Борусија во зимата 2020 година од Салцбург за 20 милиони евра. За клубот од Дортмунд досега одигра 75 натпревари и постигна 76 голови.

На повидок е војна помеѓу Реал и Барса, Лапорта сака да го минира трансферот на Халанд во Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот