На повидок е војна помеѓу Реал и Барса, Лапорта сака да го минира трансферот на Халанд во Мадрид

Жоан Лапорта планира да се вклучи во трката за трансферот на Халанд/ фото: EPA-EFE/Marta Perez

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на сите можни начини се обидува да спречи евентуалниот трансфер на Ерлинг Халанд во редовите на Реал Мадрид.

Весникот „Марка“ најавува „војна“ на двата шпански гиганти во наредните два преодни рока.
Опсесијата на Лапорта, „Марка“ ја опишува со зборовите – доколку не можеш да го победиш, тогаш барем уништи му ги плановите.

Барселона се наоѓа во големи финансиски проблеми, долгот изнесува 1.5 милијарди евра и речиси ниту еден навивач на каталонскиот тим не верува дека клубот може да се натпреварува со Реал Мадрид на трансфер пазарот во трката по најголемите ѕвезди.

Првата трансфер бомба на претседателот Флорентино Перез треба да биде Килијан Мбапе и челникот на Барселона некако се помирил со овој трансфер, но паника предизвикаа информациите дека на лето на „Сантијаго Бернабеу“ може да пристигне и Ерлинг Халанд.

„Марка“ пишува дека токму ова е главната причина за минатонеделната средба на Лапорта со агентот на Халанд, Мино Рајола. Наводно, Лапорта се обидел да му објасни на Рајола дека Барселона до идното лето би требало да има далеку поголем буџет за трансфери, дека ќе се подобри финансиската ситуација со потпишување на договори со инвестициски фондови и му порачал дека ќе може и каталонскиот тим да се вклучи во трката по потписот со одличниот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот