Џонсон: Блокадата на Адебајо е најдобрата одбрана која сум ја видел во плеј-офот! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Мајами го совладаа Бостон во првиот меч од финалето на Истокот во НБА лигата на благодарение на Бем Адебајо.

Центарот на Хитси на 3,7 секунди пред крајот на средбата со спектакуларна блокада го спречи обидот на Џејсон Тејтум при водство на својата екипа од 116:114.

На видео записот можете да ја погледнете неверојатната блокада на Адебајо за триумф на Мајами:

Адебајо ја фати топката, беше фаулиран од Грент Вилијамс, а тој погоди едно слободно фрлање и му донесе на Мајами предност од 1:0 во плеј-оф серијата.

– Блокадата на Адебајо на обидот за забивање на Тејтум е најдобрата одбрана која сум ја видел во плеј-офот – рече Ирвин Џонсон, петкратниот НБА шампион и еден од најдобрите кошаркари во историјата кој со своите игри го стекна прекарот Меџик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот