„Џокер“ на Тод Филипс освои Златен лав на Венецискиот филмски фестивал

Принтскрин/Јутјуб

„Џокер“ на американскиот режисер Тод Филипс освои Златен лав на 76. Венециски филмски фестивал. Гран при на жирито на чело на аргентинската режисерка Лукреција Мартел доби филмот „Обвинувам“ на Роман Полански, а наградата ја прими неговата сопруга Емануел Сење.

„Џокер“, каде главната улога ја има Хоаким Феникс, и „Обвинувам“ важеа за фаворити на фестивалот, и добиваа одлични рецензии од критичарите.

Сребрен лав за најдобар режисер доби шведскиот автор Рој Андерсон за „За бесконечното“.

Лука Маринели е прогласен за најдобар актер за улогата во „Мартин Идн“ на Пјетро Маричели. Тој ја посвети наградата на сите морнари кои спасуваат животи на бегалците.
Најдобра актерка е Аријан Аскарид за „Глорија мунди“ на Робер Гедигијан. Таа ја посвети наградата на сите души на удавените бегалци кои останаа на дното на Медитеранот, и кажа дека и самата е дете на бегалци кои се доселиле во Франција.
Специјална награда на жирито доби „Мафијата веќе не е тоа што беше“ на Франко Мареско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот