Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Девојче почина во Србија по рутинска операција на крајници: Почнаа да ја будат, тогаш сè започна…, раскажува мајка ѝ

Веста дека пред неколку дена четиригодишно девојче почина по рутисна операција на третиот крајник во болница во Чачак ја потресе Србија, објавија српските медиуми.

Точната причина за смртта на детето ќе биде позната откако ќе биде наредена обдукција. Родителите со скршено срце велат дека девојчето немало здравствени проблеми, освен тонзилитис (воспаление на крајниците), кој е многу чест кај децата. Сепак, рутинската операција се претворила во пекол со фатален исход.

„Една од медицинските сестри прво ми кажа дека операцијата е завршена. Потоа се врати во салата и беше таму околу три часа, а кога излезе, само ми кажа дека не знае што се случило, но дека ситуацијата е тешка и дека се моли на Бога моето мало девојче да преживее“, изјави мајката на починатото девојче.

Таа додаде дека после тоа, хирургот излегол од собата и рекол дека операцијата поминала добро, но дека кога почнале да ја будат, откриле дека има крвавење во белите дробови.

„Поточно, се појавила крв во цевката. Не знам кога повторно ја вратиле цевката, бидејќи пишува дека била вметната двапати, можеби тогаш ја повредилезатоа што детето никогаш не било болно од ништо. Ова се сите наши сомнежи, бидејќи никој не ми кажа што точно се случило. Ми рекоа само дека не е стабилна и дека мора да се транспортира во Белград. Бевме таму долго време, чекавме транспорт“, раскажа таа.

Според нејзината мајка, кога конечно успеале да обезбедат транспорт, девојчето пристигнало во Белград со притисок 50 со 22.

„Лекарите и медицинскиот персонал во Белград навистина се потрудиле, тоа го знам сигурно. Се сомневаме дека имало грешка во болницата во Чачак. На наше барање и на барање на Институтот за мајка и дете беше извршена судска обдукција. Важно ни е да ја знаеме вистината, зошто останавме без нашето дете“, вели мајката.

Семејството, пријателите и граѓаните вечерва ќе се соберат пред болницата во Чачак, за на тој начин да најдат одговор – зошто малото девојче повеќе го нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот