Девет српски и албански жртви заедно против Тачи и ко-обвинетите на судењето во Хаг

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ
Девет српски и албански жртви ќе учествуваат заедно во судењето на поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи и тројца сообвинети за злосторства во Косово и Албанија во периодот 1998-1999 година, пред судот на ОВК во Хаг.
Ова го одлучи судијата на претходна постапка Николас Гијо, откако ги разгледа првите 17 апликации на жртвите за учество во процесот, објави судот денес на својата веб-страница.
Седум пријави биле одбиени од судиите, а една пријавена жртва починала во меѓувреме.
Заедно со Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи беа обвинети за воени злосторства врз Албанци, Срби и Роми во околу 40 притворни центри на ОВК.
Жртвите, Срби и Албанци се согласија да учествуваат во процесот заедно, со помош на правни застапници назначени од судот до 7-ми мај. Правилата на судот предвидуваат дека жртвите, покрај обвинителството и одбраната, се еднакви страни во постапката.
Доколку обвинетиот биде прогласен за виновен, жртвите имаат право да добијат надомест од осудените лица во износ што ќе го одреди судот.
Одлуката на судијата Гиху и другите судски документи покажуваат дека петмина српски жртви киднапирани, незаконски притворени, мачени и малтретирани од ОВК, ќе учествуваат во судењето.
Жртвите пријавиле дека „како директен резултат на притворот и физичките и психолошките напади на припадниците на ОВК“, тие претрпеле телесни повреди, фрактури, осакатување и попреченост, како и тешка и трајна психолошка траума.
Жената и децата на мажот кој беше киднапиран и убиен од ОВК, исто така, ќе учествуваат во процесот. Националноста на овие жртви не е наведена во документите.
Според одлуката на судијата, во судењето на Тачи и на неговите обвинети, чиј брат беше убиен од припадници на ОВК, во групата жртви ќе има и една Албанка.
Четирите индиректни жртви во извештајот наведоа дека страдаат од трајни ментални проблеми како резултат на киднапирања и убиства на нивните најблиски.
За пријавата на една жртва, судијката Гиху побара дополнителни информации пред да донесе одлука за нејзино можно учество во процесот.
Во исто време, судијата одби седум апликации од албански и српски жртви да учествуваат во судењето, тврдејќи дека злосторствата се извршени „надвор од времето и географскиот опсег на обвинението“.
Меѓу жртвите чии пријави ги отфрли судијата беа двајца Срби чии татковци исчезнаа откако беа киднапирани од ОВК, една Србинка чиј сопруг беше киднапиран и тројца членови на семејството на исчезнат Албанец.
Судската служба за жртви претходно му предложи на судијата Гиху да одобри учество на 17 од досега пријавените 18 жртви.
Идентитетот на сите пријавени жртви, без оглед дали тие ќе учествуваат во процесот или не, ќе остане заштитен поради „општата клима за заплашување на сведоците на Косово, особено во судските процеси на припадниците на ОВК“, нагласи судијата Гиху во денешната одлука .
Лицата кои се сметаат за жртви на злосторствата наведени во обвинението против Тачи и соучесници, сè уште можат да аплицираат за учество во судењето.
Тачи (52), Весели (53), Селими (49) и Красниќи (69) се обвинети за злосторства извршени во 42 илегални притвори на ОВК во Косово и Албанија против најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 беа убиени, од март 1998 година до септември 1999 година.
Обвинението ги товари Тачи, Весели, Селими и Красниќи во 10 точки за: прогон врз политичка и етничка основа, затвор, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, суров третман, тортура (две точки) и убиство (две точки).
Овие злосторства се квалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото и во четири точки, како воени злосторства.
Според обвинението, Тачи и неговите сообвинети носат и индивидуална и командна одговорност за овие злосторства. Сите беа членови на Генералштабот на ОВК во периодот опфатен со обвинението: Тачи како политички комесар, подоцна командант, Весели како началник на разузнавање, Селими како главен оперативец и Красниќи како заменик командант и портпарол
Во привремената влада на Косово, прогласена во март 1999 година, Тачи беше премиер, Весели беше министер за разузнавање, Селими беше министер за внатрешни работи, а Красниќи беше портпарол.
Според обвинението, Тачи, Весели, Селими и Красниќи биле учесници во заедничко злосторничко дело, заедно со голем број други офицери и членови на ОВК и членови на привремената влада. од кои во обвинението се именувани: Азем Суља, Љах Брахимај, Фатмир Лимај, Сујелман Селими, Рустем Мустафа, Шукри Буја, Љатиф Гаши и Сабит Геци.
Сите обвинети, кои беа уапсени на Косово на 4 и 5 ноември, на нивното прво појавување пред судот, од 9 до 11 ноември, се изјаснија за невини за злосторствата во обвинението.
Обвинителите најавија дека ќе бидат подготвени за судење во декември оваа година, а одбраната тврди дека судењето не може да започне до летото 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот