Девет месеци болка по пожарот во Кочани: Ана Костадиновска со емотивен спомен за Сара
Поминаа девет месеци од трагичниот пожар во дискотека „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март и ја потресе целата јавност. Во една од најголемите трагедии во поновата историја на земјава, животите ги загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени.
Препорачано
По повод девет месеци од трагедијата, Ана Костадиновска, придружен вокал на „ДНК“ и една од ретките што ја преживеа кобната вечер, сподели фотографија со својата колешка Сара Николовска. Насмевките на фотографијата се нем сведок на времето кога музиката, пријателството и сцената биле нивниот заеднички дом – пред трагедијата засекогаш да го промени нивниот живот.



Без многу зборови, објавата на Ана носи силна порака. Таа е сеќавање, болка и почит, но и потсетник дека загубата не се мери со време. Девет месеци подоцна, празнината што ја остави трагедијата сè уште е присутна – кај семејствата, пријателите, колегите и публиката што ја сакаше музиката на „ДНК“.
Меѓу загинатите беа и повеќето членови на „ДНК“, кои таа вечер настапуваа пред публиката. Во пожарот трагично настрадаа пејачот Андреј Ѓорѓиески, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, клавијатуристот Филип Стевановски – кој воедно беше и директор на Центарот за култура во Штип – како и Мартин Атанасовски, кој настапуваше со бендот како битбоксер.
Споменот за загинатите продолжува да живее преку нивните песни, преку оние што преживеаја и преку сите што одбиваат да ги заборават.


