Дете тешко повредено во белградска градинка, воспитувачка му го приклештила прстот со метална врата

Фото: Google Street View

Двегодишно дете е тешко повредено во градинка во белградската населба Звездара, откако една од воспитувачките му ја приклештила раката со метална врата. Инцидентот се случил во градинката „Облаче“, јавуваат српските медиуми.

Утврдено е дека детето се повредило кога воспитувачката ја затворила металната врата без да обрне внимание на него, и притоа му го потфатила палецот од десната рака. Поради сериозноста на повредата, на детето морало да му биде извршена делумна ампутација на палецот.

Полицијата била во градинката и извршила разговор со вмешаните, а ги прегледува и снимките од камерите во градинката. Јавното обвинителство во Белград наложи да се земат изјави од воспитувачката и од мајката на момчето.

– Во врска со повредата на детето В.Ц. во градинката „Облаче“ во Звездара обвинителството во Белград ѝ наложило на ПС Звездара да земе изјави од воспитувачката, мајката на повреденото дете, да го прибави видеонадзорот од градинката во времето кога настанала повредата, како и да се прибави медицинска документација за околностите, за видот и тежината на повредите на детето – соопшти обвинителството.

Воспитувачката е суспендирана. По сите потребни проверки, Обвинителството ќе процени и ќе донесе одлука дали има елементи на кривично дело или се работи за несреќен случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот