Детали од снимањето на „Пиратите од Карибите“: Зошто Џек Спароу има златни заби и кој актер ја одбил главната улога мислејќи дека филмот ќе биде промашување

Фото: IMDB

Франшизата „Пиратите од карибите“ е една од најуспешните во филмската индустрија, а од 2003 година и почетокот на снимањето, па се до денес секое ново продолжение предизвикува големо внимание кај јавноста.

инстаграм

Франшизата „Пиратите од Карибите“ продолжува, а неодамна е објавено дека главната улога ќе ја има Марго Роби. Додека се уште се чекаат деталите од снимањето, ние ви претставуваме интересни нешта од снимањето на филмовите, кои можеби не сте ги знаеле.

инстаграм

Капетанот Џек Спароу, кој го игра актерот Џони Деп, во филмовите има златни заби, а тоа всушност е идеја на самиот актер. Додека го цитирал сценариото, тој замислил пират со златни заби, па веднаш отишол кај својот забар да провери колку време би било потребно да се вградат импланти. На продуцентите идејата им се допаднала, па направиле мали измени со цел се да помине без грешка.

Фото: IMDB

За време на снимањето Деп имал и посебни контактни леќи во очите кои му служеле како очила за сонце. Тој ги користел со цел да не биде намуртен додека снимал завртен кон сонцето. Актерот за време на снимањето на продолжението „На чудни плими“ и сам инвестирал во сетот од филмот. Тој потрошил 60.000 долари со цел на целиот тим да му обезбеди водоотпорни јакни за да ги штитат од зимата и дождот. Во времето кога е снимен, тој филм бил најскап поради богатата продукција.

Фото: IMDB

Буџетот достигнал 300 милиони долари, што е повеќе од сите три продолженија на „Господарот на прстените“.

Деп имал и разни идеи кои од „Disney“ не биле прифатени. Тој сакал во филмот Спароу да нема нос и да има страв од необични работи како пиперки. Продукцијата го одбила тоа.

Фото: IMDB

Славниот актер за малку немало да ја добие таа улога, а конкуренција му била холивудската ѕвезда Роберт Де Ниро. Де Ниро ја одбил улогата на Џек Спароу бидејќи заклучил дека филмовите нема добро да поминат и дека ќе бидат промашување. Сепак, неколку години подоцна истакнал дека не му е жал бидејќи неговиот помлад колега одлично се снашол во филмот.

Фото: IMDB

Актерката Кира Најтли се чувствувала неподобна за улогата на Елизабет Свон. Поради атмосферата и односот кон неа мислела дека не работи добро и носела се помалку приватни работи на сетовите, бидејќи мислела дека набрзо ќе добие отказ. Подоцна раскажала дека атмосферата на снимањето нема врска со неа, туку дека секој почеток на некој нов филм е таков. Кога дошла на сетот на првиот филм, се уште не била полнолетна. Имала 17 години, а поради тоа нејзината мајка требало да доаѓа со неа, со цел продукцијата да нема проблеми со законот.

Фото: IMDB

Џефри Раш бил уверен дека никој нема да го забележи на екранот додека бил во истите сцени со Кира Најтли. Поради тоа тој се сетил на еден трик. Постојано кажувал дека мора да биде од левата страна на екранот бидејќи заклучил дека луѓето гледаат како што читаат од лево на десно.

Фото: IMDB

Филмот „Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот“ е продолжение на првиот филм од франшизата, а за него повторно требало да се изгради сетот бидејќи оригиналниот сет бил уништен од невреме. Тие соградиле два вистински брода кои ги користеле и во продолженијата, а филмот по објавувањето ги сруши рекордите на гледаност и застана рамо до рамо со „Титаник“ и „Господарот на прстените“. До денес има заработено милијарда долари.

Фото: IMDB

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот