Десетина улични кучиња утрово нападнале девојка во Карпош 4
Утрово во Карпош 4, кај кафеаната „Барка“, девојка била нападната од глутница со преку десет кучиња, кои ја турнале на земја, информираат од „Независни за Карпош“, посочувајќи дека ова не смее да продолжи и вакви случаи да има и во иднина.
Препорачано
Тие бараат итно постапување и решавање на проблемот и да не се остави овој проблем без да се преземат сериозни чекори за негово решавање.
Проблемот со бездомни кучиња во Карпош се влошува во последниов период, со постојано истоварање на нови групи на кучиња кои се носат тука од некое друго место. Општина Карпош мора во тесна соработка со полицијата да ги идентификува овие лица кои истовараат групи на кучиња во Карпош и да ги казни, за да запре оваа појава. Општина Аеродром има веќе искуство на оваа тема, па може да ја консултираат. Но, да се остави овој проблем така, без да се преземат сериозни чекори, е недозволиво – велат од „Независни за Карпош“.
Карпошани веќе подолг период алармираат за зголемен број на кучиња кои се истовараат низ населбите и бараат некое решение затоа што се чувствуваат небезбедни кога се движат, особено во вечерните часови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
5мин
-
7мин
-
8мин
-
21мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


