Фото: Pixabay / Krzysiek

Tрикови за обликување на косата: Подобрете го вашиот стил и зачувајте го нејзиниот квалитет

Фенирањето на косата може да биде здраво и не секогаш штетно. Потребно е само употребата на апаратите за сушење, фен и четка, да биде внимателна и правилна, за да се избегне сув изглед на косата и да се подобри структурата и стилот, без прекумерно оштетување.

Подолу, ви донесуваме неколку трикови што ќе ви го олеснат грижата за вашата коса.

Доколку е можно, не го поставувајте фенот на високи температури. Дувањето воздух треба да биде пријатно на задниот дел од главата.

Држете го фенот на растојание од најмалку 15 сантиметри од косата.

Ако имате тенка коса, треба да ја поставите јачината на дувањето на ниско. Во спротивно, косата може да се заплетка.

Не излегувајте веднаш надвор – ниедна фризура нема да трае ако го напуштите домот веднаш по сушењето.

Поставете хартиени крпи меѓу прамените и исушете ја само со ладен воздух. Овој мал трик се препорачува за да се спречи расцепување на врвовите.

Повеќето жени брзаат наутро. Секогаш кога треба да брзате да ја исушите косата, користете поголема брзина на дување, а не посилна топлина.

Секогаш користете некои производи како топлинска заштита. Тие се добри и помагаат да се спречи дополнително оштетување од топлина.

Не ја сушете косата со фен веднаш по миењето. Идеално би било ако ја оставите косата да се исуши 15 минути природно или со нежно триење со крпа. На овој начин, сушењето со фен е помалку напорно, а исто така помалку ја изложувате косата на топлината од фенот.

Додатокот дифузер за фенот го изедначува дувањето воздух од фенот. На овој начин, исто така, спречувате изложување на поединечни прамени коса на прекумерна топлина.

Кога ќе завршите со сушењето на косата со фен, оставете го студениот воздух да дува некое време. Овој чекор на ладење ѝ дава на косата поголема еластичност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот