ИПАРД програма

Десет месеци затвор доби службеничката која призна дека зела мито за посредување за пари од ИПАРД

Вработената во Министерството за земјоделство – Јасмина Костадинова е осудена на десет месеци затвор откако призна вина за примање мито поврзано со посредување за доделување средства од ИПАРД програмата.

Казната ќе и биде пресметана од периодот од 5 ноември 2025 година, од кога таа се наоѓа во домашен притвор. Костадинова се согласи да остане во домашен притвор и судот ѝ ја продолжи мерката.

Нејзиното барање за поврат на 6.000 евра е одбиено и со одлука на судот ќе ѝ бидат конфискувани сите 8.000 евра што беа запленети при претресот на полицијата. Процесот за останатите продолжува на 11 мај.

Во предметот се опфатени и други лица, меѓу кои поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка, како и уште еден поранешен министер.

Директорот на Платежната агенција Стоилев и уште тројца осомничени за поткуп одат во притвор – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот