Директорот на Платежната агенција Стоилев и уште тројца осомничени за поткуп одат во притвор
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев, како и уште тројца осомничени во случајот со примање поткуп, одат во притвор во траење од 30 дена, откако судот го прифати барањето на Обвинителството.
Препорачано
Една од осомничените, според изменетиот обвинителски предлог, оди во куќен притвор, соопштија од Судот.
„Судија на претходна постапка, по произнесување на петтемина осомничени, кои попладнево беа спроводени во судот, донесе решенија со кои за: Џ.Н.(77), А.Ф.(44), и Ф.Ф.(47) и И. С.(57) го прифати предлогот и на сите четворица им определи мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од точките 1,2 и 3 односно Опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото“, пишува во соопштението.
Осомничениот директор и другите осомничени се товарат дека договарале поткуп од 50 илјади евра за пари од ИПАРД-програмата од поранешниот пратеник и министер Џевдет Насуфи, кој ги ветил парите, а вчера му дал на уапсениот Стоилев 400 евра, со кои тој бил фатен. И 77-годишниот Насуфи, поранешен пратеник и министер за локална самоуправа и правда, оди во ефективен притвор, согласно судската одлука.
Уапсениот в.д. директор на државната агенција Стоилев бил и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе.
Истражители ја „тресат“ Агенцијата за поддршка на земјоделството, некој пријавил поткуп


