Депонијата во населба 11 Октомври стана парк, наесен акција за засадување дрва (ВИДЕО)

Големата депонија, која со години го нагрдуваше просторот долж железничката пруга во населбата 11 Октомври, стана парк. Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, денеска во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ информираше дека активностите ќе продолжат се до конечното уредување на паркот.

 

-Паркот го уредуваме во соработка со Град Скопје. Завршувме со чистење, уредување и зазеленување на просторот од 16.000 метри квадратни. Засадена е трева, а во есенската акција ќе се засадат дрвја. Предвидено е да се насадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки“, рече Темелковски.

Тој додаде и дека во завршна фаза е реконструкцијата на трим патеката, а најави реконструкција и на останатите паркови.

-Работиме на реконструкција на трим патеката, во должина од 2.200 метри. Патеката ќе ги поврзува паркот во 11 Октомври со паркот во Цветан Димов, на кој што работиме во моментов. Планираме да поставиме и клупи, а што се однесува на реконструкцијата на парковите, работиме на промена на чешмите и фонтаните во паркот, веднаш штом ќе заврши јавниот повик за набавка ќе ги промениме чешмите во „Шопен”, како и во останатите паркови, објасни Темелковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот