Дожд, врнежливо време / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Денеска ќе истура, ќе грми и ќе дува силен ветар

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен северен ветар, информира управата за хидрометеоролошки работи.

Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветар (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град.

Утринските минимални температури се движат од 10 до 18 степени, а максималните дневни температури ќе изнесуваат од 18 до 28 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и со грмежи.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот