Денеска бил привремено затворен аеродромот во Минхен, пилоти пријавиле чудни нарушувања
Аеродромот во Минхен утрово повеќе од еден час бил целосно затворен откако пилоти пријавиле нарушувања за време на летови, за кои имало сомневања дека биле предизвикани од непознат дрон, јавија светските медиуми.
Препорачано
Аеродромот бил целосно затворен во 9 часот. Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување.
Портпаролот на федералната полиција, Стефан Бајер, изјави за германскиот весник дека во близина на аеродромот е забележан потенцијално неовластен летачки објект и дека е наведено дека може да станува збор за дрон.
„Голем број полицајци беа присутни на местото на настанот, а беше распореден и хеликоптер за да провери за евентуално присуство на дрон. Околу 10:05 часот беше објавено дека полицијата не открила ништо сомнително“, изјави портпаролот за „Билд“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
30мин
-
33мин
-
48мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


