Денес би наполнил 28 години: Џон Траволта објави трогателна фотографија на роденденот на починатиот син (ФОТО)

Profimedia
Profimedia

Истото го направија и сопругата на Траволта и ќерката…

На своите профили на Инстаграм, холивудскиот актерски пар Џон Траволта и Кели Престон, но и нивната ќерка Ела, објавија заеднички фотографии со Џет Траволта, синот и братот кој почина пред 12 години во текот на семејниот одмор на Бахамите.

Оваа година тој би наполнил 28 години, а токму по тој повод јавно се огласија тројцата.

„Среќен роденден Џети! Те сакаме“, напиша 66-годишниот Џон Траволта покрај црно-белата фотографија на која тој и синот се насмевнуваат еден на друг.

View this post on Instagram

Happy Birthday Jetty! We love you! ❤️

A post shared by John Travolta (@johntravolta) on

Истото го направи и сопругата на Траволта, која на фотографијата позира со синот, а слични беа и зборовите на сестрата Ела Блу која објави фотографија на која сите четворица заедно позираат.

View this post on Instagram

Happy Birthday to our sweetest Jetty, we love you!! ?✨

A post shared by Kelly Preston (@therealkellypreston) on

Џет Траволта почина во јануари 2009 година за време на семејниот одмор на Бахамите, кога имаше само 16 години. За време на бањањето во када во еден луксузен хотел, Џет доживеа епилептичен напад по кој падна и ја удри главата во кадата. Џет имаше аутизам, но семејството не зборуваше за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот