Демонстранти донесоа гилотина пред куќата на шефот на Амазон, Џеф Безос (ВИДЕО)

Џеф Безос/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Активисти кои протестираат пред куќата на основачот и извршен директор на „Амазон” Џеф Безос во Вашингтон, барајќи забрана за работата на неговата корпорација, донесоа гилотина

На видео објавено на Твитер се прикажани двајца демонстранти кои стојат веднаш до гилотината – симбол на неколку револуционерни движења од 19 век.

-Кога сме загрозени и кога нашиот глас не се слуша, време е да повлечеме ножеви, викна еден од демонстрантите на мегафон.

Постерот што повикува на протести гласи: „Поддржувајте ги сиромашните, а не богатите”.

Настанот во саботата беше објавен на Твитер. Постерот ја обвинува „Амазон” за надгледување на вработените со помош на полицијата, поттикнување „расистички стравови” и уништување на синдикатите.

-Амазон го отпушти и расистички го наклевети лидерот на синдикатот Крис Смолс. „Придружете ни се, за на Безос да му кажеме доста беше “, се наведува на постерот.

Крис Смолс беше отпуштен откако протестираше поради лошите работни услови за време на пандемијата на коронавирусот.

Компанијата претходно беше обвинета за уништување на синдикатите, за лоши услови за работа и за ниски приходи на вработените.

Безос важи за најбогатиот човек во светот, чии средства се проценуваат на повеќе од сто милијарди долари.

Гилотината е еден од симболите на Француската револуција од 1789 година, кога Јакобинците ја соборија монархијата и ги осудуваа аристократите и непријателите на режимот со обезглавувае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот